Рерната загрејте ја на 200 степени. Модла со пречник од 24цм. премачкајте ја со малку зејтин и ставете на дното хартија за печење. Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата убаво ќе згусне, додадете ги оревите и брашното. Измешајте со дрвена лажица или шпатула и истурете ја смесата во модлата. Печете 12 минути. Проверете со чепкалка дали тестото е печено. На истиов начин испечете уште три кори, вкупно треба да се 4 кори.
Подготовка на филот
Од вкупната количина на млеко одвојте 200мл. и измешајте го со жолчките и брашното. Во другото млеко додадете го шеќерот и ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките и на средна температура варете го филот. За цело време мешајте енергично со жица за матење. Внимавајте да не ви загорат жолчките, по потреба намалете ја температурата. Откако се сварил и згуснал како пудинг, ставете стреч фолија врз површината на филот и оставете го потполно да се излади. Путерот и шеќерот во прав изматете ги пенасто, додадете го филот од жолчки и оревите, измешајте убаво и оставете ја смесата половина час во фрижидер.
Филувајте ја секоја кора и одозгора украсете по желба. Јас бидејќи украсував со фондан, филував три кори, последната ја премачкав со американски крем од путер.