Жито Торта
Во пресрет на тековните слави, каде неизбежен дел од трпезата е и пченицата, решив да ви го споделам овој начин на подготовка на славското жито - како торта. Овој рецепт се однесува на мрсните слави, иако можете да го искористите и за посна слава со замена на млечната слатка павлака со растителна слатка павлака.
1. Пченицата се чисти, мие и се става да се вари.
2. Кога ќе се свари, ја истураме водата каде што се вареше пченицата и ја плакнеме 2 пати со ладна вода, убаво ја цедиме и ја мелеме на машина за мелење месо.
3. Во измелената пченица ги додаваме ванилата, шеќерот во прав и мелените ореви, миксираме до добивање на компактна смеса, ја префрламе во калап со обрач врз мрсна хартија - убаво распоредуваме.
4. Врз пченицата ја ставаме рамномерно изматената слатка павлака.
5. Декорираме по желба и оставаме во фрижидер до послужување.
Овој начин на подготовка нам дома ни е омилен и многу често си го припремаме овој десерт. Имајки предвид дека пченицата е жито што е богато со бета каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо може да се каже дека таа е ризница на здравјето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови