1. Брашното, шеќерот, медот, содата бикарбона заедно со пивото измешајте го со лажица - ќе добиете не многу ретко тесто кое лесно ќе го истурете во плехот од рерната кој сте го послале со хартија за печење. Израмнете со шпатулата и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 мин и внимавајте да не ја препечете. Нека се излади кората по што ќе ја исечете на три или четири ленти.

Фил
- Сварете ја пченицата, исцедете ја добро и сомелете ја на машина за мелење на месо.
- Шеќерот ставете го во касеролата, прелијте со водата и нека вари додека се стопи, додадете го меленото жито и продолжете да варите уште многу кратко време, на крај додадете ги ванилата, мелените ореви, мускатното оревче и доколку сакате додадете зачинка која вие сакате да ја консумирате со житото-пченицата.
Со жешкиот фил филувајте ги корите, редејки ги една врз друга,посипете со мелени ореви.
Овој колач се спрема еден ден однапред пред служењето - потребно е да одстои да корите ја примаат влажноста од самиот фил.

ЗАБЕЛЕШКА
Колачот можете да го спремите и како торта, округла форма, како сакате.
- Доколку сакате да имате повеќе фил помегу корите бидејки тие се малку подебели - тогаш позголемите ги количините за филот. Во оригиналниот рецепт е 150 гр. жито,  јас ја зголемив количината како погоре напишаното и мислам дека уште треба да додадам, но тоа ќе е следен пат.
- Самата пченица зачинете ја со зачинки кои ви се вкусни и кои ги ставате кога спремате блага пченица... тоа останува на вас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани