Божиќна баклава, триаголници со суви смокви и лешници
Да напоменам дека баклавава ја правев со 250 гр кори, секоја кора ја делев на 3 дела.
Доколку ви треба голема количина на баклава , подгответе ја од 500 гр кори, дуплирајте ги сите состојки и ќе ви требаат и два плеха за печење.
Корите може да ги сечите и на два дела, по должина.
Вака со 250 гр кори, точно ги собра триаголниците во еден плех.
1. Во еден сад ги соединуваме лешниците и сувите смокви. Во друг сад на тивок оган ги соединуваме маслото и путерот.
2. Ги земаме корите и ги делиме на три дела по должина. Секоја кора ја премачкуваме со подготвената маснотија, со четка. На почеток на секоја кора, пресечена лента, ставаме по едно лажиче фил.
Виткаме триаголник. Го редиме во танко намастениот плех. Постапката е иста со целиот материјал.
3. Баклавата ја печеме 45 минути на 170 степени. Испечена ја оставаме потполно да се излади.
4, Сега го подготвуваме шербетот. Во тенџере ги ставаме водата, шеќерот, круговите лимон и оставаме да врие 3-4 минути. Со топлиот шербет ја попаруваме изладената баклава.
Оставаме неколу часа убаво да се впиешербетот, па послужуваме од убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани
Hristos se rodi
Za mn godini da e praznikot
Zdravje, mir, creka, na site vas vi posakuvam od ❤️