Испечати

Божиќна баклава, триаголници со суви смокви и лешници

 Божиќна баклава, триаголници  со суви смокви и лешници

Состојки

  • 250 гр танки кори
  • за премачкување- 80 мл масло, 100гр путер
  • за шербет
  • 350 мл вода
  • 300 гр шеќер
  • 1 лимон исецкан на кругови
  • Полнење
  • 200 гр тостиран и крупно мелен лешник
  • 120 гр ситно сецкани смокви.

Подготовка

Да напоменам дека баклавава ја правев со 250 гр кори, секоја кора ја делев на 3 дела.
Доколку ви треба голема количина на баклава , подгответе ја од 500 гр кори, дуплирајте ги сите состојки и ќе ви требаат и два плеха за печење.
Корите може да ги сечите и на два дела, по должина.
Вака со 250 гр кори, точно ги собра триаголниците во еден плех.

1. Во еден сад ги соединуваме лешниците и сувите смокви. Во друг сад на тивок оган ги соединуваме маслото и путерот.

2. Ги земаме корите и ги делиме на три дела по должина. Секоја кора ја премачкуваме со подготвената маснотија, со четка. На почеток на секоја кора, пресечена лента, ставаме по едно лажиче фил.
Виткаме триаголник. Го редиме во танко намастениот плех. Постапката е иста со целиот материјал.

3. Баклавата ја печеме 45 минути на 170 степени. Испечена ја оставаме потполно да се излади.

4, Сега го подготвуваме шербетот. Во тенџере ги ставаме водата, шеќерот, круговите лимон и оставаме да врие 3-4 минути. Со топлиот шербет ја попаруваме изладената баклава.
Оставаме неколу часа убаво да се впиешербетот, па послужуваме од убавинава.