Бисквит колачиња со палента
Во подлабок сад ставете ги брашното, палентата, шеќерот, ванилата, малку сол и промешајте.
Потоа додајте ги јајцето, жолчката и омекнатиот путер.
Замесете тесто.
Тестото што ќе се добие е многу меко бидејќи има повеќе путер.
На работна маса ставете поголем лист хартија за печење, посипете со брашно и тука умесете го тестото за да не биде многу лепливо.
Одозгора ставете друг лист хартија за печење и полека со сукало развлечете кора (дебелината сами одредете си ја, зависно од тоа колку дебели сакате да ви се бисквитите).
Со чаша вадете кругови, а потоа во секој круг од тестото направете отвор со мало округло калапче.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во фрижидер да се стегнат малку(околу 15 минути).
Печете на 180 степени, 15 минути.
Совет
Тестото е прилично деликатно за работа, затоа ви препорачувам при развлекувањето на тестото меѓу листовите хартија за печење посипете си по потреба брашно.
Лиценца: Сите права се задржани