Бисквит колачиња
Го подготвуваме филот
Чоколадата ја топиме на пареа. Додека да се олади со миксер ги матиме маргаринот и шеќерот во прав во нив се додаваат ванилата, мелените ореви, мелените бисквити и сокот. Сето тоа се меша со лажица, а ако е многу ретко (до сега ми се нема случено) се ставаат уште мелени ореви или бисквити, што имате. Се става од филот на еден бисквит, врз него се става друг, пак фил и така се лепат еден со друг. Јас ставив три бидејки кога ќе омекнат бисквитите се набобруваат. По желба можете да ги чоколадирате со глазура од растопено чоколадо со маргарин и да ги посипете со сецкани бисвити додека се топли, бидејки брзо се скаменува глазурата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови