Одделете 700 грама млеко и загрејте го.
Додадете шеќер и оставете да се стопи.
Од јајцата одделете ги жолчките и изматете ги со останатото млеко потоа додајте ги гризот и брашното и изматете ги добро да немаат грутчиња.
Откако е врело млекото на оган, полека додавајте од мешавината со гризот. Мешајте паралелно со истурањето.
Откако кремот ќе ја добие потребната густина тргнете од оганот и додадете кокос. Оставете да излади.
Шлаг кремот изматете го според упатството на кесичката.
Изладениот крем помешајте го со маргаринот и убаво изматете. Во плехот редете ги бисквитите.
Врз нив премачкајте од кремот и така постапката повторете ја додека имате бисквити и крем.
На крајот премачкајте со шлаг кремот и оставете да излади и стегне.
Потоа сечете на коцки и служете.
Не верувам дека долго ќе потрае во вашиот дом.
Питава од бисквита е премногу лесна за јадење, не е многу блага.

Забелешка

(Јас редев по 18 бисквити од ред, 6 со 3. Така ми стаса и кремот и бисквитите.
Вие прилагодете си според плехчето )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови