Сладок крцкав десерт, ама и освежувачки бидејќи е со моето омилено зрнесто овошје, боровинките.

Подготовка
1. Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги соединуваме.
2. Ја распоредуваме смесата во мал калап за тортичка во форма на срце кој сме го премачкале со кокосов путер.
3. Ја ставаме во ладилник да се стегне.
4. Кога убаво ќе се излади и соединат вкусовите ја вадиме од калап и ја декорираме со фондан и кокосово брашно.

Забелешка
Фонданот од палетата на Фантазија е веќе подготвен за употреба, само го месиме насекаде да биде подеднаков, го расукуваме со сукало или оклагија во посакувана дебелина и вадиме форми по желба.
Овде исто сакам да напоменам дека бојата на колачот ќе остане вака виолетова доколку го сместите колачот во замрзнувач, инаку во спротивно ќе обледи малку. Се разбира вкусот не се менува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани