1. Изматете ги пенесто јајцата со шеќерот. Додајте ги маслото и млекото. Во цедалка или сито, ставете го брашното, какаото и прашокот за пециво. Просејте дирекно во смесата кај јајцата и мешајте со шпатула. Додадете ги ванилата и мелените ореви.

2. Подготвеното тесто печете го во плех околу 20 минути на 200 степени. Кога е печено, извадете три ленти од него.

3. Се филува ред лента ред фил. За филот потребно е да се помешаат маргаринот со шеќерот во прав,.
Помешајте со вилушка, а потоа додајте мелени плазми и млеко. Матете убаво да се соедини. Другиот фил пак спремете го така што ќе помешате крем сирење со нутела и ванила. Премачкајте го цел колач и декорирајте по вкус.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови