Бисквитен колач (посно)
Многу едноставен, а сепак вкусен колач кој привлекува уште на првиот поглед.
Водата (200 мл) заедно со оризовото млеко во прав ја ставаме да почне да врие. Пудингот го промешуваме заедно со вода(100 мл) и шеќерот, па го истураме во млекото што врие. Мешаме до згуснување и потоа ја рендаме кората од портокал. Црниот крем го подготвуваме на идентичен начин, ама во него на крај ставаме чоколадни трошки или рендаме малку чоколадо. Додека се топли кремовите веднаш ги ставаме врз бисквитите, при што редиме наизменично. Украсуваме по желба.
Забелешка
Кремот е всушност класична подготовка на пудинг со одредени додатоци и помалку вода за да излезе погуст. Потребно е да го направите од вечер за да до утредента омекнат бисквитите и се поврзат вкусовите, а и за да може убаво да се сече. Бисквитите не ги топиме во млеко или слично затоа што кремовите се посни и самите бисквити ќе ја примат влажноста што ја носи кремот и ќе омекнат. Пресметајте си сами во каква форма ќе ја правите изведбава и колку реда ќе ви бидат потребни за подготовка на ова вкусно колаче.