Бела чоколадна салама
Во сад над пареа ставете ги чоколадата искршена на коцки, путерот исечен на коцки, млекото и ванилата. Оставете ги да се стопат и мешајте да се изедначат. Потоа тргнете ги на страна и додајте ги бисквитите и брусницата и убаво измешајте ја смесата. Оставете ја во фрижидер некои 20-на минути малку да подолади и стегне за подобро да се обликува колачот - саламата.
Извадете ја од фрижидер и нанесете ја на хартија за печење. Со помош на хартијата завиткајте ја и валајте да се добие што е можно повеќе кружна форма. Краевите прицврстете ги како бомбона.
Оставете ја во фрижидер да се стегне неколку часа, а најдобро преку ноќ.
Пред сечење извадете ја од хартијата и извалкајте ја во шеќер во прав.
Од смесата исто така можат да се наполнат и калапи, да се прават бомбици или во форма на бајадера а по желба да се декорира и со стопена чоколада.
Лиценца: Сите права се задржани