Бела торта
Мојот омилен рецепт за торта, се подготвува брзо, а уште побрзо се јаде хиххи...
Се матат 8 јајца со 100 гр шеќер и потоа се додава 8 супени лажици брашно, 5 супени лажици мелени ореви и малку пециво и се пече. Се пече на 200 степени. Се прават 3 вакви исти кори.
Прв фил- Во 700 мл млеко се додава шеќерот и се става да зоврие. Во преостанатото млеко се раствора пуднгот од ванила и густинот и откога ке почне да врие млекото се додава да се згусти, се трга на страна и се додава чоколадото да се стопи се меша убаво и се остава да се излади. Откога ќе се излади се мати со путерот и млекото во прав.
Фил 2- Слатката павлака се мати, потоа се додава ренданото чоколадо и мелените ореви и се меша убаво.
Изладените кори се филуваат на следниот начин Кора па фил 1 , фил 2 .кора фил 1 фил 2, кора фил 1 и со фил 2 се завршува.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови