Испечати

Бела торта

Бела торта

Состојки

  • За три кори
  • 24 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 15 супени лажици мелени ореви
  • 24 супени лажици брашно
  • 1 пециво
  • Фил 1
  • 1 литар млеко
  • 300 гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 6 супени лажици густин
  • 250 гр млеко во прав
  • 250 гр путер
  • 150 гр бело чоколадо
  • Фил 2
  • 200 мл слатка павлака
  • 50 гр рендано црно чоколадо за готвење
  • 5 супени лажици мелени ореви

Подготовка

Мојот омилен рецепт за торта, се подготвува брзо, а уште побрзо се јаде хиххи...
Се матат 8 јајца со 100 гр шеќер и потоа се додава 8 супени лажици брашно, 5 супени лажици мелени ореви и малку пециво и се пече. Се пече на 200 степени. Се прават 3 вакви исти кори.

Прв фил- Во 700 мл млеко се додава шеќерот и се става да зоврие. Во преостанатото млеко се раствора пуднгот од ванила и густинот и откога ке почне да врие млекото се додава да се згусти, се трга на страна и се додава чоколадото да се стопи се меша убаво и се остава да се излади. Откога ќе се излади се мати со путерот и млекото во прав.
Фил 2- Слатката павлака се мати, потоа се додава ренданото чоколадо и мелените ореви и се меша убаво.
Изладените кори се филуваат на следниот начин Кора па фил 1 , фил 2 .кора фил 1 фил 2, кора фил 1 и со фил 2 се завршува.
На здравје !!!