Се прави најпрво пандиспањата. Се печи во тава од шпоретот. Се сечи на 3 ленти по 11см. Се попрскува со млеко за да биде сочно тестото.
Фил
Мелените бисквити- и оревите се потопуваат со топло млеко. Настрана се мати путерот со шеќерот во прав да дојде пенесто. Потоа се додава во првиот дел со мелените бисквити и оревите. Убаво се изедначува смесата и се филуваат трите кори со по 4 лажици на секоја кора. Најгоре се прелива со глазурата која се прави на пареа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани