Бајадера торта
Се матат јајцата и шеќерот се додека смесата не се згусне, потоа се додаваат останатите состојки потребни за двете теста и се мешаат со лажица. Се пече во тавче бр 28 округло обложено со хартија или во силиконски калап на 200 степени околу 20 минути. Се печат две теста и од тие две теста се сечат 2 - 4 кори.
Млекото, мелените ореви и мелените бисквити кои се потребни за филот се ставаат во тенџере да зовријат, а откога ќе зовријат се остава да се оладат.
Путерот и прав шеќерот се матат и се мешаат со оладениот фил. Се става кора, па се мачка со фил, па кора па фил и се така додека не стигнеме до последната кора на која не се става фил, туку се прелива со глазурата од чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови