Бајадера со карамели
Превкусна бајадера ... Сосема ги заслужи сите комплименти кои ги доби, а ги добиваше по секое вкусување, а јас задоволно се смешкав. Воедно едноставна и многу брза за подготовка. Одамна се наоѓа како запис во мојата тетратка, ама никако да се решам да ја направам.
Подготовка
Јајцата, шеќерот и карамелите ги растопуваме и соединуваме на средна температура на рингла. Го тргаме тенџерето на страна и го ставаме путерот да се стопи. Во оваа течна смеса ги ставаме мелените бисквити. Ја распоредуваме смесата во сад на најлонска фолија и ја оставаме во фрижидер да се стегне. Чоколадото со маслото го топиме на многу тивок оган и и ја прелеваме бајадерата.
Забелешка
За да ја добие потребната цврстина бајадерата треба да отстои еден ден во фрижидер.
Ако сакате да правите шари со чоколадото, ставете го во кесичка за замрзнувач и сосем малку искинете го ќошот, па шаркајте. Карамелите се со лешници, македонско производство.