Банана-чоко сладолед
За љубителите на сладолед со вкус на банана и чоколадо, еве една таква извонредно вкусна комбинација на крцкав сладолед од овие два вкусови.
Идејата за ваков сладолед ја добив од мојата постара ќерка Теа која е обожавател на муслите со вкус на банана и чоколадо, а комбинацијата со инстант прашокот со истиот вкус, го направи сладоледот да биде уште повкусен.
1. Најпрвин муслите се мешаат со киселата павлака и се оставаат околу половина час убаво да омекнат. Доколку не сакате сладоледот да биде крцкав, муслите во блендер иситнете ги и измешајте ги со павлаката, така што времето за да омекнат ќе биде помало.
2. Во другите 200 гр. кисела павлака, измешајте го инстант прашокот и кафеавиот шеќер додека сето убаво се стопи.
3. Шлаг пената изматете ја млекото се до добивање на шлаг (по можност подобро е да се користи кондензирано млеко, бидејќи се намалува кристализираната текстура воопшто на сите сладоледи).
4. Соединете ги преходниве смеси и измешајте ги со миксер.
5. На крај со вилушка испасирајте ги бананите, додадете ги во претходната смеса и со миксер убаво изедначете. Во сад истурете половина крем, посипете со чоколадни трошки, истурете го останатиот крем и пак посипете со чоколадни трошки. Ставете го садот во ладилник најмалку 5-6 часа и сладете се.
Наместо инстант кафе, за најмладите може да се стави какао инстант напиток.
Украсете со чоколадни капки или трошки, крем бананчиња или друго според вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани