Подготовка:

1. Во Нутрибулет ги ставаме бананите и ги пасираме. До колку немате нутрибулет, убаво изгмечете ги со вилушка.
2. Во еден сад го ставаме путерот да се растопи.
3. Во друг сад го ставаме јајцето и шеќерот и матиме 2-3 минути. Со исклучен миксер ги додаваме растопениот путер, пасираните банани, сецканото црно чоколадо, солта, млекото, какаото, пецивото, содата, брашното. Со лесни движења со шпатула сето го соединуваме.
4. Во калап за мафини ставаме алуминиумски форми. Ставаме по 2/3 од смесаат во висина на модлата. Ги печeме околу 20-23 минути. Ги вадиме на решетка да се изладат.

5. На тивок оган ја загреваме слатката павлака. Потоа го додаваме кршеното чоколадо. Соединуваме. Оставме во фрижидер на 40 минути.

6. Потоа кремот го матиме со миксер, го ставме во готварски шприц и ги декорираме мафините. Во средина ставаме кругче банана и ливчиња нане.

На здравје нека ви се овие кревки и вкусни мафини.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани