12
мај
2013
Банана сладолед
Ова ви е идеална шанса да ги искористите многу омекнатите банани.
Во длабок сад го матиме киселото млеко заедно со бананите.
Матиме околу 2-3 минутки.
Смесата треба да се соедини добро, па го додаваме шеќерот и јајцето. Матиме убаво. Може да се додаде и какао една лажичка колку да го прошарите сладоледот, но јас во мојот случај, не додадов.
Готовата смеса ја ставаме во ладилник.
Служиме ладно.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови