Ако се мачите со диети и строги режими на исхрана, еве еден сладолед кој може да пројде како вистинско освежување летово. Како база може да биде или авокадо или банана или двете во овој случај, се друго понатаму е по Ваш избор.

Бананата се сецка на мали коцки и смрзнува околу 2 часа, не е лошо стално да имате смрзната (која со малку млеко станува инстант сладолед)...се друго од овошје и течности треба да е ладно од фрижидер.

Откако малку ќе пуштат коцкиците, се ставаат во блендер со млекото по избор и свежото овошје или авокадото што сте го одбрале. Се додава лажица кокосов путер кој дава кремаста структура и масленост на посните млека за да нема мраз во сладоледот. Потоа блендирајте до посакуваната густина. Може да се јаде веднаш како мус или малку оладен во замрзнувачот. Јас додадов малку смрзнати малинки заборавени во фриз !

Одличен е и со какао, ама јас сум повеќе за овошни комбинации. Доколку Ви се чини дека е течно може да се додаде и лажиче пченкарен густин.
Експериментирајте и пишете !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови