Брауни сендвич со сладолед од банана, оревчиња и јаворов сируп
Сендвич, ама во слатка варијанта од две парченца меко чоколадно брауни и сладолед од банана, оревчиња и јаворов сируп.
1. За подготовка на сладоледот, жолчките се матат со шеќерот им се додава топлото млеко, слатка павлака и ванила па се меша на тивок оган додека не се згусне. Се лади на собна температура, па се става во фрижидер да се смрзне.
2. Кога е замрзнат (не мора целосно) се вади од фрижидер, смеса се става во блендер и убаво се блендира. Оваа постапка ќе помогне сладоледот да биде покремаст и да не се создаваат кристали при замрзнувањето. Му се додава една пасирана банана (со вилушка, може да има и ситни парченца), оревчиња, и јаворовиот сируп.
3. Потоа повторно се враќа во калапот и се става убаво да се замрзне.
4. Браунито може да го подготвите на следниот начин. Путерот се топи на тивок оган и веднаш се трга на страна. Му се додаваа со мешање (со лажица) следните состојки какао, кафеав шеќер, сол, жолчки, ванила, брашно.
5. Белките се матат со белиот шеќер за да се добие цврст шам и шеќерот да се стопи, и полека се додаваат кон кафеавата смеса. На крај се додава сецканото чоколадо.
6. Колачот се пече во намастен плех, посипан со какао на 180Ц околу 15 мин. (јас го печев во две плехчиња 18x28 ).
7. Оставете го убаво да се олади, за да се стегне, пресечете го на коцки, ставете сладолед помеѓу нив и уживајте во вкусот.
*шољата е од 240мл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Прекрасно....