16
ное
2022
Печени круши во јаворов сируп
Подготовка:
1. Измијте ги крушите и исушете ги со кујнска хартија. Исечете ги на половинки и ставете ги во подлабок сад. Попрскајте ги со јаворов сируп и оставете да отстојат околу 30 минути.Извадете ги на хартија за печење.
2. Печете ги во загреана рерна, а кога се готови попрскајте ги со ореви и парчиња крупно сецкани бадеми.
*Дополнително - Уште една идеја може да ве интересира. Полијте ги со млеко крушите и така печете, исто така се преубави. Но, ако се одлучите за идејата со млеко, тогаш полијте ги и со малку масло.
На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови