Банана сладолед
Овој сладолед можете да го приготвите и со друго овошје. Знам да кажам дека и со јагоди е превкусен.
- Најпрво сматете го шлагот спрема упатството, без да ставате шеќер
- Со миксер матете ја киселата павлака со шеќерот додека истиот не се стопи
- Бананите исецкакјте ги
- Спојте ги сите состојки, матете со миксерот, истурете во соодветен сад и ставете во замрзнувачот. Додека целосно не се стегнал сладоледот пожелно е да го промешате во садот уште еднаш заради неговата кристализација.
Уживајте!
Напомена
Од дополнителните фотографии се гледа количината на сладоледот, правев од половина состојки.
Во последен момент одлучив да целата смеса ја истурам во една пластична модла со капак - малку почекав на собна температура да се опушти сладоледот и го превртев садот на капакот, па вака наликува на сладолед торта.
Лиценца: Сите права се задржани