29
мар
2014
Баклава со фстаци, лешници и ореви
Фстаците, лешниците, оревите, наполитанките се мешаат со ванилата. Путерот се растопува со маслото и се почнува со филувањето.
Се земаат 4 кори и секоја се прска со путерот и на секоја четврта се става од филот и се витка ролат.
Така се прави со сите кори се сечат на помали парчиња и се ства во правоаголно тавче претходно намрсено. Се пече на 190 степени околу 40 мин.
Се вари шербетот и кога баклавата ќе биди млака се потура со млак шербет и потоа ја прскаме со топено чоколадо. Украсете со сецкани фстаци.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови