Испечати

Баклава со фстаци, лешници и ореви

Баклава со фстаци, лешници и ореви

Состојки

  • 500гр. готови кори
  • 250гр. сецкани лешници
  • 250гр. сецкани ореви
  • 250гр. сецкани фстаци
  • 250гр. путер
  • 50мл. масло
  • 1 ванила
  • 100р. чоколадо
  • 500гр. шеќер (за шербет)
  • 500мл. вода (за шербет)
  • 8 парчина чоколадни наполитанки

Подготовка

Фстаците, лешниците, оревите, наполитанките се мешаат со ванилата. Путерот се растопува со маслото и се почнува со филувањето.
Се земаат 4 кори и секоја се прска со путерот и на секоја четврта се става од филот и се витка ролат.
Така се прави со сите кори се сечат на помали парчиња и се ства во правоаголно тавче претходно намрсено. Се пече на 190 степени околу 40 мин.

Се вари шербетот и кога баклавата ќе биди млака се потура со млак шербет и потоа ја прскаме со топено чоколадо. Украсете со сецкани фстаци.