Баклава со ф`стаци
Ф`стаците изблендирајте ги, така што ќе оставите и крупно сомелени парчиња или ситно исецкајте ги. Маргаринот растопете го.
За оваа баклава користев многу танки кори и поради тоа се редат по 4 за секоја ролна. Доколку користите поцврсти/подебели, ставете 2. Помеѓу секоја кора попрскајте малку маргарин вклучувајќи ја и најгорната кора врз која се поставува филот.
Филот, односно мелените ф`стаци, се става на почетокот на кората во еден ред и потоа корите се виткаат во ролна. Додека виткате, краевите малку свиткајте ги на внатре за филот да не истекува. Виткајте без многу стегање, малку лабаво.
Оваа доза е доволна за сад со големина колку Ростерот. Наредените кори одозгора попрскајте ги со маслото и киселата вода и доколку ви останал и стопениот маргарин, потоа исечете ги на парчиња со големина која вам ви одговара.
Печете на 190 степени додека одозгора не фати убава жолта кора.
Во меѓувреме сварете го шербетот. Водата и шеќерот нека вријат 10 мин, па додадете го медот и на крај циметот. Варете уште некои 5 мин, во зависност колку густ сакате да биди.
Се потура ладен или млак шербет врз ладна баклава, или топол (никако жежок) шербет врз топла баклава.
Оставете неколку саати да се впие шербетот и уживајте : )
По желба одозгора можите врз секое парче да декорирате со дробени ф`стаци.
Лиценца: Сите права се задржани
Како профи ти се направени како за во слаткара спремни :) ... се самопоканувам на гости нареден пат кога ќе спремаш :)))