Мелените ореви, шеќерот и гризот се мешаат во подлабок сад.
Сецканите ореви се мешаат со исчистените вишњи и се додаваат 2 лажици гриз.
Најубаво е кога се користат свежи или смрзнати вишњи, а не ги препорачувам вишњите од компот.
Маргаринот се растопува колку да може да може да се попрскаат корите.
Се зема една кора, се попрскува со маргарин, па со смесата од мелени ореви. Над неа се става втора кора и на едниот крај се става од филот со вишњи, се рола и се реди во подмачкан плех. Исто се постапува со сите кори.
Баклавата се сече на парчиња и се полива со преостанатиот маргарин и се става да се пече. Се пече прво 10 минути на 200степени, а потоа околу 40 минути на 150 степени.

Шербет
Шеќерот и водата се ставаат да зовријат и се вари шербетот 8 минути одкако ќе зоврие. Се додаваат и ванилите и сокот од лимон. Јас лимонот го изоставам затоа што сметам дека вкусот на вишњата треба да преовладува, но го пишувам рецептот како што го имам добиено, па секој по свој вкус.
Пред да се извади баклавата од рерна, рерната се вклучува пак на 200 степени убаво да се подпече-да крцка и потоа се ваѓа и се попарува врело со врело.
Баклавата е прекрасна и ја препорачувам на секого.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела