18
јан
2015
Бадниково гравче со фил од кромид
1. Гравот отстојува преку ноќ во сад прелиен со вода (помалку за да биде тавче-гравче)
2. Следниот ден со целиот зеленчук се става да се вари и на крај се пасира зеленчукот и се зачинува и посолува
3. Се реди во тава земјена (јас го ставив во мали земјени тавички бидејќи сме четворица по дома па да има за секој по една Бадникова)
4. Кромидот за филот се сече на танки полумесечинки и се пржи да омекне во тава на малку масло за јадење
5. Откако ќе омекне кромидчето, се зачинува и се нанесува одозгора врз гравчето во тавичките
6. Се попрскува со малку мелено нане и се пече
Лиценца: Сите права се задржани
И со фил и без фил, кај нас ќе помине секако :)