Баварски кифлички (посно)
Подготовка
1. Замесуваме тесто од сите состојки со млака вода. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Откако ќе стаса го делиме на делови и од секој дел расукуваме кора која ја делиме на триаголници и формираме кифли. Кифлите ги ставаме во фрижидер додека да ги формираме сите кифли.
3. Потоа ја вклучуваме рерната на 200 степени и ставаме вода да се грее на рингла. Откако водата ќе почне да врие ја тргаме на страна и ставаме сода бикарбона. Ја враќаме на рингла.
4. Во водата ги пуштаме кифличките да се проварат околу 30 секунди.
5. Ги вадиме и ги ставаме во таве за печење. Ги посолуваме па ги ставаме да се печат.
Забелешка
Палмовото масло што го користам е во цврста состојба, како маст. Ако не ги правите посни, ставете путер во тестото. Не ми работеше кујнската вага во овој период кога ги правев кифличкиве па мерката ми е во чаши, а чашата е од 250 мл. Во зависност од влажноста на брашното зависи дозата на вода за замесување на тестото, па можеби ќе треба да додадете. Големита на кифличките е по желба, јас правев од мали до средна големина.