Овој рецепт и чоколадниот крем не ги поставувам случајно. Ветив дека ќе частам за добиената награда - Садот за сос - и еве ја мојата частевка. Повторно да се заблагодарам и уживајте во оваа сладилица... прекрасен крем кој не е тешко да се спрема.

1. Чоколадото искршете го на поситни парчиња и стопете го на пареа. Водете сметка да садот во кој што ке го топите чоколадото не се допира со водата, чоколадото ќе ви се згрутчи.
2. Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови.
3. Белката уработете ја со 80 гр. шеќер и прстовет сол во цврст беланец.
4. Сматете ја и слатката павлака.
5. Жолчките сматете ги со 2 лажици врела вода и остатокот од шекерот - 20 гр. додадете ја и ванилата. Ставете го садот над пареа и матете околу 5 минути додека на ви се направи кремаста - не смеете да дозволите да ви се свари жолчката.

Кога сето ова сте го направиле, сега следува мешањето на смесите
1. Во садот со жолчките додадете ја стопената чоколада и мешајте да стане еднолична смеса.
2. Додадете ја сматената слатка павлака и лесно измешајте.
3. Сега на крај се додава беланецот кој внимателно го вмешувате во добиената предходна смеса, не ја мешајте смесата со кружно мешањет туку со жицата префрлувајте ја од едната на другата страна. Ова е потребно за да ви остане пенеста и воздушеста кремата.
4. Префрлете ја кремата во садови кои вие ке си ги изберете или во еден сад.
5. Оставете во фрижидер околу 5 часа за да се стегне...
Пожелно е чоколада да биде со 70% какао.

Можете да го служите самостојно и со прилог од овошје.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани