Постојат најразлични рецепти за подготовка на леб со додатоци од зеленчук, или други состојки. Фичо ќе подготви Леб со кромид.

Подготовка

Чекор 1: Кромидот исечкајте го на тенки ленти и оставете го да отстои во малку маслиново масло со сол и бибер.

Чекор 2: Во длабок сад ставете ги брашното и солта и квасецот. Во малку вода растворете го квасецот и додадете го во садот. Внимавајте квасецот да не дојде во директен контакт со солта, бидејќи тестото нема да нарасне.

Додадете ја водата на собна температура, путерот и почнете со месење. Треба да го месите тестото околу 300 пати.

Чекор 3: Набрашнете ја работната површина и оставете го тестото да нарасне двојно. Кога тестото ќе нарасне додадете го кромидот, замесете го тестото повторно и оставете го да нарасне уште еднаш.

Чекор 4: Нараснатото тесто премачкајте го со маснотија, тоа е тајната на крцкавата кора. Расечете го и печете во загреана рерна на 200 степени половина час.

Оставете го дваесетина минути прекриен со крпа и лебот е готов!

СОВЕТ: Времето на растење на тестото зависи од температурата во просторијата, затоа повремено проверувајте го.