Превкусен, старински Прилепски ручек
Најпрво главиците кромид се сецкаат во сецко на Делимано или на рака ситно.
Во тава се налива маслото, се става исецканиот кромид на оган, на тивко да се пржи.
Се пржи околу 1 час, со постојано мешање, се додека кромидот не добие убава кафена боја.
Се трга од оган, се зачинува по вкус и се додава црвениот пипер.
Убаво се меша да се изедначи и се става во сад во кој ќе се печи.
Се налива водата. Убаво се промешува.
Сите состојки за човте се замесуваат, месото, јајцето, кромидот, исцедениот двопек, зачините.
Пожелно е да одстои барем еден час месото, за да се спојат вкусовите.
Се пржи човтето на умерен оган, благо да зарумени, значи не го пржиме до крај, бидејќи во рерната ќе се допечи.
Се готви во загреана релна на 200 степени околу 25 минути, односно додека не си остани на мрсното, како што велат старите.
За овој ручек потребно е уште векна топол леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани