Испечати

Шербет колачи со бадеми (посно)

Шербет колачи со бадеми (посно)

Состојки

  • 2 чаши зејтин
  • 250 гр гриз
  • 500 гр брашно ( се достава ако има потреба )
  • 1 чаша пиво
  • 1 паковка пециво
  • шербет
  • 700гр шеќер
  • 500мл вода
  • пола паковка кокос за валкање
  • 100 гр сецкани бадеми за внатрешноста

Подготовка

Одличен стар рецепт од мојата мајка.
Во сад се замесуваат пивото, маслото и гризот.
Се додаваат и останатите состојки, па се замесува убаво меко тесто.
Ако треба додадете брашно.
Растегнувајте корички и со помош на чинија направете круг.
Од тој круг пресечете осминки како на сликите, ставете им малку ситно сецкани бадеми.
Виткајте ги во вид на соленки и веднаш редете ги на хартија за печење.
Не се премачкуваат со ништо туку дирекно се печат во загреана рерна.
Шербетот го вариме и кога колачињата се ладни ги пуштаме во топлиот шербет.
Оставаме минутка внатре да впијат, а потоа ги валкаме во кокос.
Колачињата сетолку вкусни, колку стојат толку се поубави.
Пробајте ги! На здравје!
Забелешка
Одоваа смеса излегуваат многу колачиња.
Јас ги правев круговите со обична чинија, па колачињата ми беа лапни голтни, толку малечки.