Испечати

Пилешка крем салата со наут

Пилешка крем салата со наут

Состојки

  • 250 гр пилешко бело месо
  • 100 гр варен наут
  • 150 гр маринирани шампињони
  • 200 гр кисела павлака
  • 3 полни лажици мајонез
  • 1/2 лажичка кари
  • сол и мелен црн бибер

Подготовка

Едноставна, кремаста и вкусна салата.
Пилешкото месо го вариме и потоа ситно го сецкаме.
Ги додаваме шампињоните и наутот и зачинуваме.
На крај ги додаваме павлаката и мајонезот и убаво заедно мешаме. Оставем салатата да се олади во фрижидер околу половина час и послужуваме.
Слободно дуплирајте ги состојкиве ....
На здравје