Испечати

Крем супа од тиква и леќа (посно)

Крем супа од тиква и леќа (посно)

Состојки

  • 1 тиква
  • 150 гр леќа
  • 2 главици кромид
  • 5 чешниња лук
  • зачини магдонос, мешан сув зачин, сол и маслиново масло
  • дополнително кромид за запржување

Подготовка

Тиквата исечете ја на парчиња и ставете ја во тапсија. Кромидот и луот исто ставете ги во тепсијата. Се'посолете и ставете малку маслиново масло. Ставете во рерна да се потпече.
Леќата сварете ја.
Печената тиква излупете ја од лушпата. Исто и кромидот и лукот излупете ги.
Во тенџерето каде се вареше леќата ставете ја печената тиква, кромидот и лукот и се заедно испасирајте. Додајте 50 мл, маслиново масло, вода по желба (колку сакате да ви биде густа супата.) и поварете уште 5 минути. Посолете ја супата, додајте сув зеленчук и магдонос.
Кромидчето испржете го до златна боја.
Крем супа сервирајте во чинија, во секоја чинија ставете малку пржен кромид и магдонос.
Добар апетит!