Испечати

Маринирани пиперки (зимница)

Маринирани пиперки (зимница)

Состојки

  • 3 кг пиперки благи
  • 1 литар вода
  • 250 гр шеќер
  • 2 лаж сол
  • 100 гр оцет
  • 200 гр зејтин
  • 2 главици лук

Подготовка

Пиперките измијте ги, исчистете ги семките и исечете ги на ленти.
Ставете во едно тенџере вода, додајте сол, шеќер, оцет и зејтин.
Во зовриената маринада истурете ги пиперките, повријте ги 5 минути и исклучете.
Лукчето излупете го, а магдоносот ситно исечете го.
Во измени тегли редете ред пиперки, ред лукче и ред магдонос.
Затворете ги теглите и зовријте ги.
Добар апетит!