Испечати

Брзи крокети со инстант пире

Брзи крокети со инстант пире

Состојки

  • 150 гр. истант пире
  • 90 гр. густин
  • 30 гр. пармезан
  • 1 лажичка (7 гр,) сол
  • 580 мл. вода

Подготовка

Лесна и брза подготвка на овие топчиња со компири кои се вкусни и се подготвуваат за 5 минути. Тие се сосема одлични и совршени за гарнир со месо или пак да се приготвуваат како ужинка послужени со кечап, совршена идеја за некои од забавите, крцкави се однадвор, а меки внатре. За мене додека се топли се најдобри.
 
- Во садот во кој ќе ги замесите овие крокети ставете го истант пирето, густинот, солта и пармезанот, измешајте, со водата замесете. Ќе добиете налик на тврдо тесто. Формирајте ги крокетите и пржете во длабоко масло.
Тоа е се...