Испечати

Интегрални лепиња со маслинки и сончоглед

Интегрални лепиња со маслинки и сончоглед

Состојки

  • Тесто
  • 4 чаши интегрално брашно
  • 3 лажици лупен сончоглед од Натура
  • 1 квасец
  • 1/2 чаша маслинов зејтин
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка оригано
  • 2 чаши вода
  • 100 гр ситно сечени маслинки
  • 1 лажичка шеќер

Подготовка

Во еден сад ставаме дел од водата со квасецот, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер и малку брашно. Промешуваме и чекаме квасецот да се активира. Потоа ја додаваме останатата вода, маслиновиот зејтин, ориганото, маслинките, сончогледот и полека постојано мешајќи со дрвена лажица, го додаваме останатото брашно. Замесуваме средно меко тесто.

Оставаме да стаса. Повторно го размесуваме.

Кога ќе стаса по вторпат, од тестото правиме топчиња кои ги ставаме во плех на пек-хартија (ако тавата е Делимано, не е потребна хартија за печење). Јас од ова тесто направив 24 топчиња. Ги премачкуваме со силиконска четка со вода и поросуваме одозгора со сончоглед. Се печат околу 25 минути на 180-200 степени.
Чашите со кои мерев се од 200 милилитри.