Испечати

Питулици - печени палачинки со фил

Питулици - печени палачинки со фил

Состојки

  • 800 гр брашно
  • 2 лажици сол
  • 1 филџан масло
  • вода по потреба
  • Фил
  • 600 гр изварка
  • 1 лажица сол
  • масло за прскање

Подготовка

Питулиците се прават на питуличарка надвор во двор.Но еве сега ќе ви презентирам во домашни услови како се прави. Исти се и вкусни кои се јадат за појадок, ручек, вечера, за слави, имендени ,родендени......
1. Се става брашното во сад се додава солта и водата и се мати со миксер.Треба да се добие хомогена смеса иста како за густи палачинки. Тестото мора да биде посолено за да бидат вкусни питулиците.
2. Сега се земаат две тавчиња од Делимано(за побрзо) и се загреваат на рингли намрсени со масло. Кога ќе се стопли маслото се истура истото масло во смесата од палачинки.
3. Во загреаните тавчиња се истура по еден кутлач од смесата и се прават палачинките. Треба вкупно 30 палачинки. Ако ви недостасува смеса може додека се печат палачинките на страна да си донаправите од смесата и да продолжите со правење.
4. Правило 1 - Палачинките треба да оладат. Никогаш не се филуваат топли.
5. Кога ќе оладат палачинките се попрскуваат со изварка и масло. Се редат наоколу палачинки се попрскуваат со масло и изварка. Се завршува со 4 палачинки. Се притискаат со рака палачинките убаво да налегнат.
6. Се сечат на коцки се попрскуваат со масло и се печат на 250С-35минути.
7. Кога ќе се испечат се вадат на страна и се покриваат со платнена крпа.На здравје!!!