Испечати

Кремисимо коцки со готови кори

Кремисимо коцки со готови кори

Состојки

  • 1 пакување правоаголни готови кори за торта Винчини
  • потребно за крем1
  • 5 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 2 чоколади за готвење
  • 1 маргарин
  • потребно за крем 2
  • 500 мл сок во тетра пак од јагода
  • 6 лаж брашно или густин
  • 250 мл слатка павлака

Подготовка

Го подготвуваме кремот 1.
Во јајцата го ставаме шеќерот промешуваме и кремот го вариме на пареа .
На крај на готвењето ја додаваме чоколадата мешаме да се стопи и потоа го тргаме кремот да се излади .
Оладениот крем го соединуваме со претходно изматен маргарин матиме додека кремот да стане кремаст .
Подготовка на крем 2
Во сокот го додаваме брашното и разматуваме со миксер да не остане грутчиња, а потоа кремот го вариме на огсн додека да се згусти. Го оставаме да се излади. Изладениот крем го матиме со миксер. Можете да го пробате ако не е доволно благ можете да додадете 1 лажица прав шеќер. Мене ми беше доволно благ и не додадов шеќер .
Посебно ја матиме слатката павлака .
ФИЛУВАМЕ
Ја ставаме првата кора и го нанесуваме чоколадниот крем оставаме еден мал дел од него за да ја премачкаме последната кора .
Врз чоколадниот крем ја ставаме втората кора и го нанесуваме вториот крем врз вториот крем ја нанесуваме слатката павлака, врз павлаката третата кора и премачкуваме со чоколадниот крем оставаме малку да одмори во ладилни, а потоа сечеме на коцки .