Испечати

Мармалад со мешано шумско овошје, цитрон и мајчина душичка

Мармалад со мешано шумско овошје, цитрон и мајчина душичка

Состојки

  • 1кг боровинки и друго шумско овошје
  • 500гр шеќер за желирање 2:1
  • 4 лажички листови од мајчина душичка свежи
  • 4 лажички сок од цитрон

Подготовка

Исчистете ги боровинките и другото овошје и измијте ги.
Ако сакате како мојот мармалад, мазен, тогаш во нутри булетот испасирајте го овошјето,па додадете му го шеќерот.
Ако пак сакате со цели плодови, тогаш попрскајте го овошјето со шеќерот и оставете го малку да постои.
Додадете ги листовите мајчина душичка и сокот од лимон.
Мешајте во длабок сад доведувајќи го до вриење.
Штом проврие, мешајте околу 5 минутки на потивко.
Собирајте го во чисти мали теглички, цврсто затворете ставајќи го капакот на тегличките.
Ја направив со боровинки, капинки, рибизли и малинки.
Овошјето може да биде и само една врста.