Испечати

Мармалад од кајсии

Мармалад од кајсии

Состојки

  • 1 кг кајсии исчистени
  • 600 гр шеќер

Подготовка

1. Кајсиите се чистат од семките.
2. Се става шеќерот врз кајсиите.
3. Се ставаат кајсиите да се варат. Може со рачен блендер да се испасираат кајсиите.(Јас ги сечев на четвртинки и не ги блендирав).
4. Од кога ќе почне да врие мармаладот точно да биде 45 мин.
5. За да остане мармаладот со убава светла боја, од како ќе се исклучи се меша точно 20 мин. Значи на исклучен шпорет се меша 20 мин.
6. Во врели тегли се реди мармаладот жежок и се остава во рерна да се оладат до другиот ден.
 Од 8 кг кајсии ми излегоа 7 тегли. Шеќерот го намалив на 450 гр.