Испечати

Мока пралини

Мока пралини

Состојки

  • За смеса
  • 100 гр. шеќер
  • 1 дл. вода
  • 1 ванила
  • 1 лажиче инстант кафе
  • 80 гр. маргарин
  • 150 гр. мелени ореви
  • 200 гр. мелени бисквити
  • За чоколадирање
  • 300-400 гр. бело чоколадо за готвење
  • по потреба масло - на 100 гр. во ова ставив 3 лажици, бидејќи беа чоколадни петличиња

Подготовка

Водата, шеќерот, ванилата и кафето се зовриваат.
Па се додава маргаринот и се растопува.
Се трга од оган, се додаваат оревите, се промешува, а потоа бисквитите.
Се остава смесата да се лади. Пред да се полнат калапите уште еднаш убаво се премесува.

За тоа време се подготвуваат калапите.
Со растопеното чоколадо со масло над пареа се премачкуваат калапите.
Кога е здрвено чоколадото, се полнат со смеса. Се затвораат, премачкуваат со чоколадо. Одат во длабоко замрзнување 15-30 мин. Се вадат од формите.

На здравје!