Испечати

Маринирани пилешки копани

Маринирани пилешки копани

Состојки

  • 500гр. мали копани, со коска
  • за маринирање
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мало лажиче сенф
  • пола мало лажиче црвен пипер
  • пола мало лажиче кари зачин
  • по вкус мелен црн бибер, турмерик и мешан сув зачин
  • неколку парченца путер

Подготовка

Најпрво копанчињата, добро се мијат со млака вода. Потоа се ставаат во тенџере и се налеваат со вода. Се варат на не многу јак оган (7 од 11), околу 40 тина минути.
Маслото, сенфот и другите зачини се мешаат заедно.
Откако се свариле копаните, се редат на тава за печење. Со четка, се премачкуваат со смесата од масло, сенф и зачини. Се печат, во рерна на 170 степени, околу половина час. Пред крајот, врз секое копанче се става путер и се распоредува низ целото месо.
На здравје!