Испечати

Торта со кроасани - без печење (јубилеен 100ти рецепт)

Торта со кроасани - без печење (јубилеен 100ти рецепт)

Состојки

  • за кора
  • 5 кросани по 40 гр
  • 150гр ситно сецкани ореви
  • 70гр маргарин
  • 100мл чоколадно млеко
  • 50 гр мелени бисквити
  • фил
  • 500мл слатка павлака
  • 500гр кисела павлака
  • 180гр шеќер во прав
  • 2 кесички желатин
  • 50гр чоколадо
  • 200гр капини
  • 60мл вода за желатинот
  • за прелив
  • 2 кесички прелив за торта
  • 500мл сок од вишни

Подготовка

Многу сум среќна што ја пополнив мојата прва стотка на рецепти на овој одличен сајт.
Со овој рецепт сакам да заокружам една убава скромна бројка на рецепти и да се заблагодарам на сите што ги читаа, па би сакала да ве заблажам со по едно парче од оваа превкусна торта.
Ве поздравувам сите и продолжуваме да се дружиме.

Кроасаните се сечкаат на ситни парчиња, потоа се додаваат оревите, чоколадното млеко, маргаринот и бисквитите и со рака се замесува.
Во кружен калап бр.26 за торта ја ставаме смесата и со рака формираме кора.

За филот најпрво го ставаме желатинот со водата да нарасне 15 мин.
Киселата павлака и шеќерот во прав ги мешаме убаво, слатката павлака ја матиме со миксер, а потоа ги соединуваме.
Го додаваме желатинот и матиме убаво. Смесата ја делиме на два дела во едниот дел го ставаме претходно растопеното чоколадо, а во другиот дел капините (изблендирани).

Врз корта од краосани го ставаме прво филот со чоколадо, а потоа и другиот дел од филот со капини.
За преливот содржината од кесичките промешајте ја со 2 лажици шеќер, а потоа постепено додавајте 500 мл сок од вишни за да нема грутчиња ставете ја на оган и варете 1 мин со постојано мешање.
Оставете да се излади 7-8 мин и ставете го врз тортата и оставете преку ноќ да стои во ладилник.
На здравје !!!