Испечати

Макало од суви лути пиперчиња и лук

Макало од суви лути пиперчиња и лук

Состојки

  • 5-6 суви лути пиперки
  • 1 главица лук
  • 1 мало филџанче врела вода
  • масло киселина и сол по вкус
  • по желба ореви или магдонос

Подготовка

Ова макало првпат го пробав кај мојата сестра и ме воодушеви. Мислам дека јас го изедов повеќе од половина самата. Одлично оди со топло лепче и со скара.
За подготовка ќе ви требаат суви пиперки, јас користев мали лути суви пиперчиња, но можи да користите какви што имате, а и со везени би било одлично.

Подготовка

Прво се потпекуваат пиперките на рингла, па се сецкаат најситно што можи заедно со семките.
Се попаруваат со врелата вода и се остава да се олади.
Откако ќе се олади, се додава иситнетиот лук, сол, масло и киселина по неколку лажици. По желба може да се додадат ореви или магдонос.
На здравје