Испечати

Чоколадна торта со банани и џем

Чоколадна торта со банани и џем

Состојки

  • потребно за кора
  • 4 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 2 лаж млеко
  • 120 гр брашно
  • 50 гр ситно рендана чоколада
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • За крем
  • 500 мл слатка павлака
  • 50 гр шеќер
  • 30 гр какао
  • 1 чоколада за готвење
  • за премачкување џем ( јагода , рибизла , малина , шумско овошје )
  • потребно 5 поголеми банани

Подготовка

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот, потоа додаваме млеко кое можете да го замените и со масло, ги додаваме соединети претходно брашно ситно мелена чоколада  (на делот за ореви на рендето) и пециво. Промешуваме благо и печеме во намрсено и пробрашнето тавче 24 бр на 160 степени околу 20 минути.

Кога тортата е уште топла ја премачкуваме со џем кој претходно малку сме го разредиле со вода ако има погуста структура ако е поредок тогаш и не мора да го разредувате. Оставаме убаво да се излади.

Кремот најдобро да го приготвите од вечер пред да ја правите тортата бидејки е потребно повеќе време добро да се излади и да се стегне кремот некаде 3-4 часа

Ја ставаме слатката павлака со шеќерот на умерена температура да се загрее, го додаваме и какаото и чоколадата мешаме состојките да се соединат. Така мешаме додека павлаката почне да проврива и веднаш ја тргаме на страна, оставаме добро да се излади. Кога е изладена со миксер на кратко ја матиме околу минута две, не повеќе да не се згусне премногу.

Врз кората ги редиме бананите преполовени преку средина или цели. Јас ги ставив цели, поубави се така на око, но попрактични се преполовени. Ако ги ставате цели внимавајте убаво да го нанесете кремот мегу нив.
Го нанесуваме кремот и убаво израмнуваме по краевите. Врз тортата можете да ставите чоколадна глазура или слатка павлака.