Испечати

Гриз топчиња со шербет

Гриз топчиња со шербет

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 чаша(200мл)гриз
  • 1 чаша зејтин
  • 1 чаша јогурт
  • 2 чаши брашно
  • 2 пецива
  • 1 ванила
  • 1 лимон
  • шербет
  • 500гр. шеќер во прав
  • 2 чаши вода

Подготовка

Подготовка.
Сите течни состојки заедно со матените јајца ги соединуваме. Во нив го додаваме гризот, брашното, кората од еден лимон, пецивото и замесуваме тесто.Тестото го оставаме да одстои петнаесетина минути додека гризот не набабри. Од тестото формираме мали топчиња кои ги валкаме во гриз.
Топчињата ги валкаме во гриз ги подредуваме во тава за печење.
Во предходно загреана рерна на 200степени колачињата ги печеме околу петнаесетина минути.
Откако ќе ни се испечат истите додека се врели ги ставаме во ладниот шербет кој го подготвивме на многу едноставен начин.
Шеќерот во прав заедно со неколку кришки лимон и вода добро ги соединуваме со мешање.
Откако колачињата ќе го впијат шербетот можат да се послужат.
На здравје!!!