
17
авг
2015
Ќофтенца со мелено месо
Се сечка кромидот на ситно или се блендира со блендер. Се меша во меленото месо и се додаваат сите зачини, киселата вода, пецивото и брашното.
Се меша убаво и се остава да се одмори во фрижидер 3 часа. Потоа се додаваат матените јајца и пак убаво се изедначува месото. Се пржи во врело масло земајки со мало лажиче од меленото месо и се става во маслото. Се сервира по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани